ЏАЈКОВСКИ, Кирил

ЏАЈКОВСКИ, Кирил (Скопје, 25. Ⅹ 1965) – композитор и аранжер. Својата музичка кариера ја започнува во групата „Бастион“ (нејзин основач во 1983 г.). Настапувал како клавијатурист со „Леб Кирил Џајковски и сол“ (1986–1987). Автор на електронска музика. Особено се истакнал на полето на т.н. применета музика. Меѓу најзначајните творечки дострели што му донесоа меѓународна афирмација е музиката за филмовите „Балканкан“ на Д. Митревски, „Големата вода“ на И. Трајков, „Прашина“ на М. Манчевски, како и музиката за неколку театарски претстави, меѓу кои и за „Буре барут“, „Балканот не е мртов“, „Диво ме-со“. Има издадено повеќе албуми, меѓу кои и „Хомебоунд“, (1999); „Религион & сеџ“ (2001) и др. М. Кол.