ЈАНЧЕВСКИ, Ѓорѓи

ЈАНЧЕВСКИ, Ѓорѓи (Скопје, 27. IX 1950) – економист, банкар. Го завршил Економскиот факултет во Скопје (1969–1973), а се усовршувал првин преку АИЕСЕЦ во Дан-ска (Есбјерг, 1972), потоа во Велика Британија (Единбург, 1873); бил на студиски престој во САД за усовршување на менаџментот (Њујорк, 1992), на семинар во Дрезднер банка во Германија (1994) и студиски престој во организација на Ассоциатион фор Оверсеас Тецхницал Сцхоларсхип (Програма за финансиите и банкарството во Централна и Источна Европа) во Јапонија (Осака, 1997). Работи во финансиската и банкарската област: во Републичкиот завод за цени (од 1974), во Основната земјоделска банка-Скопје (од 1978), еден од основачите на Тутунска банка АД – Скопје и нејзин заменик директор (од 1985), прв генерален директор на НЛБ Тутунска банка АД – Скопје (од 1. Ⅰ 1998) и претседател на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка АД (од 3. Ⅶ 2008). Р. ЈАНЧУЛЕВ, Јосиф Данаилов