ЈАКУПИ, Ахмет

ЈАКУПИ, Ахмет (Пеќ, Косово, 17. Ⅲ 1945) – режисер. Дипломирал на Високата педагошка школа во Приштина (1969) и на отсекот на Јаначковата академија во Брно, Чешка (1977). Работи во Македонската радиотелевизија (1980 –1984), а од 1984 г. и во Албанската драма на Театарот на народностите во Скопје. Се занимава и со режија на документарни филмови. Режии: „Гоф”; „Скротителот на луѓето со смарагдни очи”; „Куќна змија”; „Лизгалка”; „Хенрих Ⅳ”; „Опскурен театар”; „Хамлет”; „Вообразен болен”; „Антигона”; „Зад затворени врати”; „Куќа на крстопат”; „Крал Едип”; „Дожд на плажа”. Р. Ст.