ЈАГИЌ, Ватрослав

ЈАГИЌ, Ватрослав (Ватрослав Јагиќ) (Вараждин, 6. Ⅶ 1838 – Виена, 5. Ⅷ 1923) – класичен филолог, славист. Класично образован од детска возраст (до Ⅲ клас Фрањев. гимн. сите предмети на лат.) во родното место, продолжил класична гимн. во Загреб (1847– Ватрослав Јагиќ 1851), каде што му се развил интерес и за сеслов. единство; студирал класична филологија во Виена, грчки кај Х. Бониц, лат. кај Ј. Хофман и ст.слов. кај Ф. Миклошич. Од 1860–1870 бил проф. во Загрепската класична гимн.; во 1870 отстранет од работа поради политички превирања, тогаш добива три почесни докторати (Лајпциг, С.-Петербург и Одеса). Во Одеса е поканет за шеф на Катедрата за и.-е. компарат. лингвистика, потоа е шеф на Катедрата за славистика во С.-Петербург, па во Берлин и најпосле, по пензионирањето на Ф. Миклошич, во Виена (1886–1908). Врз класичните темели создал монументална дисциплина – славистика, со изданија на најстарите слов. ракописи на глаголица и кирилица, палеогр. студии и критика на текстот и др. Уште во 1867 отворено се противставил на т.н. Панонска теза и до крајот на животот докажувал дека за основа на ст.слов. му послужиле макед.-слов. говори од Солунско. Во неговиот „Арцхив фüр слав. Пхилологие” (Берлин, 1874– 1929) се објавени многубројни студии за ст.слов. ј. и литература. ДЕЛ: Од огромниот број (над 700) објавени трудови, особено му се значајни изданијата на евангелијата: Увод на лат. кон Асем. (1864), Зогр. (Берлин, 1879), и Мар. (СПб, 1883), во кирил. транскрипција; Добром. (Еин алтмацедонисцхес Денкмал дер кирцхенсл. Спрацхе дес Ⅻ Јахрхундерт, 1–2, Њиен (1898); Болоњски псалтир и многу други; палеографски студии: Глаголическое писÏмо (1911); синтетички: Õнциклопедия славянской филологии (1911); Ентстехунгсгесцхицхте дер кирцхенслависцхен Спрацхе, Ⅱ рев. изд. Берлин, 1913; и Јужнославенска народна епика у прошлости, Загреб, 1880. ЛИТ.: Н. Мајнариќ, Ватрослав Јагиќ као класични филолог,ЖА, 7, 2, 1957, 153-177; С. Дамјановиќ, Опширност без површности. Подсјетник на живот и дјела Ватрослава Јагиќа, Загреб 1988; В. Мурдаров, КМЕ Ⅳ, 572-580; В. Ðоровић, Ватрослав Јагић, „Српски књижевни гласник”, Београд, 1923. П. Хр. Ил. – С. Мл.