ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ВО ДФМ/НРМ/СРМ/РМ

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ВО ДФМ/НРМ/СРМ/РМ -. државен орган што ги гони сторителите на кривичните дела. Првпат оваа функција се утврдува со Уредбата за воените судови од 24. Ⅴ 1944 г., според која при секој судски совет се назначува воен истражител, а при одделни бригади и командни места се поставуваат иследници. Како посебен орган, Јавното обвинителство се формира со одлуката на Претседателството на АВНОЈ од 3. Ⅱ 1945 г., со задача да ги гони сторителите на кривичните дела и да врши контрола над законитоста на државната управа и правосудството. За главен обвинител на ДФМ е именуван дипломираниот правник Петар Коробар (31. Ⅲ 1945). ИЗВ.: Јавното обвинителство во Република Македонија, Скопје, 2000. Гор. Л.-Б.