ЅВОНЕЦ

ЅВОНЕЦ -. звучна направа со конусен облик, излеана од бронза. Произведува исклучиво еден тон, кој никогаш не бил во функција на музицирањето во македонската музичко-фолклорна практика. Ѕвонецот има само функција на сигнал, кога е врзан на вратот на домашните животни (кози, крави Ѕвончиња или ждребиња). Со иста функција се употребува како училишно ѕвонче, со кое се означуваат почетоците и завршувањата на часовите. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 25. Ѓ. М. Ѓ. Дебарско ѕвонче