ЃУРЃОВДЕНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

ЃУРЃОВДЕНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ -. календарски обредни песни што се пеат на Ѓурѓовден или непосредно пред празникот и се поврзани со тие обреди. Тоа се песни посветени на билките, оживувањето на природата и сл., кои подоцна попримиле и христијански обележја. Некои песни се однесуваат на берењето билки и на обредното крмење на стоката: Ајде на билје, бела Билјано, / билје да бериш, стадо да крмиш… Други песни го опеваат обичајот нишање (лулање) на дрвјата, што е проследено со многу интимни чувства кај младите: Од гранка, в гранка, ај Ѓурѓе ле, / јунаку в рака… ЛИТ.: Марко Китевски, Македонска народна лирика, Обредни песни, Скопје, 1997; Кирил Пенушлиски, Одбрани фолклористички трудови, Скопје, 1988. М. Кит.