ЃУРИШТЕ ПРЕОД

ЃУРИШТЕ – ПРЕОД -. манастир на 10 км северозападно од Свети Николе, сместен на Градишка Планина. Во средниот век на овој ареал се претпоставува дека бил лоциран градот Коритос, како и дворецот на Јован Оливер, и тоа кај соседните села Трстеник и Крушица. Црквата во Ѓуриште е посветена на Св. Богородица, спомнувана и во средновековните извори. Околу неа се прекопани неколку гробови, уште пред Втората светска војна. Наводно, од еден ист гроб потекнуваат раскошните златни примероци накит од ⅩⅣ в., сега своина на Музејот на Македонија: медалјон со крст од црвен гранит и обетка со двоглав орел и иницијалите МПА. Тие се доведуваат во врска со Марија Палеологова, втората жена на Стефан Дечански. ЛИТ.: Б. Алексова, Оù ест ентерее Марие Палеологуе, „АИ”, Ⅲ, Београд, 1959; Т. Томоски, Овче Поле во средниот век, ГЗФФ, 4 (30), Скопје, 1978, 243-266; Е. Манева, Анциент Јењеллерѕ фром Мацедониа, Миддле Аге, Скопје, 2005, Цат. Но 22, 33. Ел. М.