ШУРЕВ, Ангел (Велес, 18. Ⅳ 1932 – Белград, 14. Ⅱ 2004) – диригент. Во 1956 г. дипломирал диригирање на Музичката академија во Белград (проф. Ж. Здравковиќ), а се усовршувал во Италија на Римската академија „Санта Чечилија“. Диригентската кариера ја започнал во Операта на МНТ (1956–1960). Најголем дел од својата дејност ја поминал во Белград, во Белградската опера (1960-1967), како уметнички раководител и диригент на уметничките ансамбли на Домот на ЈНА (1967–1977), а од 1977 до 1998 г. како диригент и директор на БелАнгел шурев градската филхармонија. Како диригент настапувал во повеќе земји на Европа, Азија и Америка, изведувајќи оперски, балетски и симфониски дела од својот необично богат и разновиден репертоар, со посебно пропагирање на југословенското и македонското творештво. Реализирал голем број снимки на електронските медиуми. Ф. М.