ШУМАРСКИ ФАКУЛТЕТ

ШУМАРСКИ ФАКУЛТЕТ – единствена, високообразовна и научноистражувачка институција од областа на шумарството и дрвната индустрија во РМ, во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Формиран е во 1947 и до 1975 г. функционира како оддел на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Од 1975 г. се издвои како посебен шумарски факултет, а од 1976 г. кон него се интегрира тогашниот шумски предели на Китка шумарски институт (1976). До учебната 1970/71 г. на Факултетот се формираа кадри од областа на шумарството, а од таа учебна година беше воведена нова насока за образование на високостручни кадри од областа на дрвната индустрија. Новото проширување се случува меѓу 1983–1985 г., кога од насоката шумарство се формираа две насоки: насока за одгледување и мелиорација на шумите и насока за искористување и транспорт. Нова организација на наставната дејност е направена во 1998 г., кога се формирани два оддела: шумарство, со насоки за шумарство и за озеленување и унапредување на животната средина, и дрвна индустрија, со насоки за механичка технологија на дрвото и за дизајн и технологија на мебел и ентериер. Од 1970 г. е организирана настава од трет степен на 19 студиуми (области) за магистратура и 5 за специјализација. Стекнувањето на научниот степен докторат на науките е организирано уште од првите години по формирањето на Факултетот. Ал. Анд.