Јосип Јурај ШТРОСМАЕР

ШТРОСМАЕР, Јосип Јурај (Осиек, Хрватска, 4. Ⅱ 1815 – Ѓаково, Хрватска, 8. Ⅳ 1905) – хрватски епископ и многузаслужен словен-ски великан на духот и хуманата акција. Во име на почит, Констатин Миладинов во посветата на зборникот од македонски и бугарски песни (БÍлгарски народни песни, Загреб, 1861) пишува: „епископ босански, ѓаковачки и сремски на неговата светост, апостолски управител на белградската и смедеревската епископија, римски гроф на н. цар. кр. величество, дејствителен таен советник, дворски духовник, вировитички велики жупан, вонреден државен советник, доктор на филозофијата и богословијата, изјашните науки и пр. и пр. – великодушен покровител на народната книжнина“. ш. е врзан за Македонија, за нејзината култура и литература, за штедро стимулирање од позиција на мецена. Тој го повикал на гости К. Миладинов во Ѓаково за да направи словенска транслитерација на зборникот народни песни што безуспешно се обидувал да го публикува во Москва (со грчки алфавит), му го издал во Загреб и му обезбедил поширок круг угледни претплатници. Заложбите на ш. да ги извлече од турскиот затвор браќата Димитрија и Константин Миладиновци исто така се уверливо сведоштво за големината на еден историски чин на алтруизам и филантропија. Г. Т. штуки