ШКАРИЌ, Светомир (Дојран, 1. И 1941) – правник, унив. професор. Основно образование завршил во Дојран и Гевгелија, а гимназија во Струмица (1960). Бил победник на првите два натпревара во ораторство на Скопскиот универзитет (1961 и 1962), учесник на четири младински работни акции на автопатот „Братство и единство“ (1958, 1959, 1962 и 1963) и на студентската работна акција за расчистување на урнатините од земјотресот во Скопје (1963). Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1965). Активно учествувал во студентските протести на Белградскиот универзитет (1968). Магистрирал (1972) и докторирал на Правниот факултет во Белград на тема „Смислата и значењето на делегатството во општествено-политичкиот систем на Југославија“ (1978). Бил избиран за асистент (1969), за доцент (1978), за вонреден (1983) и за редовен професор на Правниот факултет во Скопје (1988) по Уставно право и политички систем. На факултетот бил основач на научните дисциплини: Споредбено уставно право (1993), Уставно право на Европа (2005), Политички теории и Теории за мирот и конфликтите. Имал студиски престој во Гренобл (1971–1972), во Сапоро и Токио (1996). Бил директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје (1978–1982), член на Европскиот комитет за правна соработка на Советот на Европа (1998 –2003), судија на Европскиот граѓански суд во Берлин за утврдување на одговорноста на германските пратеници и политичари за бомбардирањето на СР Југославија (1999–2000) и визитинг професор на Правниот факултет на Универзитетот „Монтескје“ во Бордо, Франција (2002). Учествувал на конгресите на Меѓународното здружение за уставно право (1983, 1995, 2007), на Меѓународното здружение за политички науки (1978 и 1982), на Меѓународното здружение за истражување на мирот (1996, 1998, 2000 и 2002) и на Светскиот јавен форум – Дијалог на цивилизациите (2005 и 2007), како и на поголем број меѓународни научни конференции и симпозиуми на триесетина универзитети од сите континенти. Поднесените трудови ги објавил во книгата „Македонија на сите континенти: мир, демократија и геополитика“ (Скопје, 2000). Објавил над 150 статии од областа на уставното право, политичките науки и мировните студии, од кои поголемиот број на француски, англиски, руски и јапонски јазик. Сега е претседател на Здружението за уставно право на Македонија (1994-), експерт на ООН за избори (1998-), професор по уставно право на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (2008-), советник на Претседателот на РМ (од 2009). БИБ.: Уставно право на СФРЈ, И–Ⅱ, Скопје, 1986 и 1987; Уставно право, И–Ⅱ, Скопје, 1991 и 1992; Уставно право, И–Ⅱ, Скопје, 1994 и 1995; Правото, силата и мирот – Македонија и Косово, Скопје, 2002; Лањ, Форце анд Пеаце – Мацедониа анд Косово, Скопје, 2002; Споредбено и македонско уставно право, Скопје, 2004; Демоцратиц Елецтионс ин Мацедониа 1990-2002, Берлин, 2005; Уставно право, Скопје, 2006; Македонската лига и Уставот за државно уредување на Македонија 1880, Скопје, 1985 (коавтор со С. Димевски, В. Поповски и М. Апостолски); Мирот и уставите, Скопје, 1997 (коавтор со Тадаказу Фукасе); Македония путÍ к самостоятелÏности, Москва, 1997 (заедно со А. В. Карасев, В. И. Косик, Б. Ристовски и Е. Гусакова); Политички теории – антика, Скопје, 2006 (коавтор со Ѓорге Иванов); Уставно право, Скопје, 2007 (коавтор со Г. Силјановска–Давкова); Уставно право, Скопје, 2009 (коавтор со Г. Силјановска–Давкова); Теории за мирот и конфликтите, Скопје, 2007 (редактор); Спорот за името меѓу Грција и Македонија – Студентски проект, Скопје, 2008 (раководител и редактор заедно со Д. Апасиев и В. Патчев). С. Мл.