ШИЈАЧКИ, Стеван

ШИЈАЧКИ, Стеван (Стари Футог, 12. ⅩⅠⅠ 1885 – Белград, 2. И 1957) – хорски диригент и композитор. Музичко образование оформува во Српската музичка школа во Белград. Меѓу двете светски војни, како наставник по музика и хорски раководител, работи во повеќе градови на тогашното кралство. Во Македонија, дејствува во Скопје и во Велес како хорски диригент и како музички соработник во Народниот театар во Скопје. Неговото најистакнато хорско дело е циклусот Кратовски песни. Др. О.