ШИШКОВ, Ристо

ШИШКОВ, Ристо (с. Мрсна, Демирхисарско, Егејскиот дел на Македонија, 23. Ⅲ 1940 – Скопје,
17. Ⅵ 1986) – актер. Дипломирал актерска игра на Академијата за театарски уметности во Белград (1963). Настапува на сцената на Југословенско драмско позориште во Белград (1961-1964). Потоа бил член на Драмата на МНТ (1964–1968). Еден од најголемите и најекспонирани актери. Носител на неколку антологиски остварувања.
УЛОГ: Никодин („Кенгурски скок“), Темелко („Суд“), Ефто („Лет во место“), Ле-

Р. шишков во „Дон Цезар“
оне Глембај („Глембаеви“), Едмонд
(„Крал Лир“), Луков („Црнила“); Костадин („Печалбари“), Андреј („Три сестри“), Хелдерлин (во истоименото дело), Мендељ Крик („Зајдисонце“) и др.
НА ФИЛМ: „До победата и по неа“; „Каде по дождот“; „Македонска крвава свадба“; „Планина на гневот“; „Република во пламен“; „Црно семе“; „Јад“; „Црвениот коњ“; „Нели ти реков“ и др. Р. Ст.
Светомир
шкариќ