ШЕЌЕРИНСКА, Радмила

ШЕЌЕРИНСКА, Радмила (Скопје, 10. Ⅵ 1972) – политичарка. Дипломира на Електротехничкиот факултет во Скопје (1995). Магистрира на Флечер школата за право и дипломатија во САД. Стапува во Социјал-демократската младина на РМ (1995). Била портпарол на СДСМ (1997–1999), пратеник во Собранието на РМ (1998–2002, 2006–); потпретседател на ЦО на СДСМ (1999–2003, 2003–2006); потпретседател во Владата на РМ за евроинтеграции и координација на странска помош (2002– 2006) во период кога РМ поднесува барање за прием во членство во ЕУ (22. Ⅲ 2004) и добива статус кандидат за прием во членство во ЕУ (17. ⅩⅠⅠ 2006); претседател на СДСМ (2006). ИЗВ.: Канцеларија на претседателот на СДСМ, Скопје, 2007. Т. Петр. Ристо шеќерински