ШАФАРИКОВ ТРИОД

ШАФАРИКОВ ТРИОД – кирилски ракопис од крајот на ⅩⅠⅠ и почетокот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в., од македонска редакција. Се чува во Руската национална библиотека во Санкт-Петербург под сигн.: РНБ, Ф.н.И.74. Има 157 пергаментни листа. Според јазичните особености, потекнува од Охридската книжевна школа. Текстот е многу архаичен, во него се наоѓаат цели редови испишани со глаголица. По структурата претставува полн триод, без поделба на посен и цветен циклус. ЛИТ.: В. Десподова, Македонски писмени споменици во Ленинградските библиотеки, „Македонистика“, 3, Скопје, 1983. Е. Ц. Мухарем шахичи