ШАКИРИ, Ресул

ШАКИРИ, Ресул (с. Сопотско, Ресенско, 10. Ⅺ 1931) – комунистички деец, општественик и државник. Завршил гимназија, а потоа студирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Бил член на СКМ (од 1950), претседател на Општински комитет и член на Претседателството на ЦК на Народната младина на Македонија, директор и главен и одговорен уредник на в. „Флака е Веллазеримит“. Исто така, бил член на Извршниот совет на НРМ, член на Извршниот одбор на Републичката конференција на ССРНМ, член на Градскиот комитет на СКМ во Скопје и пратеник во Собранието на СРМ. С. Мл.