ЧАПАРОСКИ, Љубомир Трајков

ЧАПАРОСКИ, Љубомир Трајков (с. Галичник, 8. Ⅲ 1938 – Скопје, 10. Ⅷ 1999) – спец. интернист-ревматолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (од 1989). Мед. ф. и специјализација завршил во Скопје, а докторирал во 1976 г. Од 1974–1980 бил шеф на Ревматолошкиот центар (Интерна клиника), од 1980 до 1998 директор на Ревматолошката клиника и декан на Мед. ф. (1994–1996). Бил член на Европската и на Светската лига против ревматизмот. Добитник е на повеќе признанија во СФРЈ и РМ, како и на Францускиот орден „Палме ацадемиљуе“ (1994) и на италијанскиот „Цомендаторе дела Р. Италиана“ (1995). Почесен професор е на Универзитетот во Кејптаун. Објавил преку 300 трудови во земјата и во странство. БИБ.: Клиничка ревматологија, Скопје, 1994. Сл. М. П.