ЦРКВИШТЕ, ОРИЗАРИ

ЦРКВИШТЕ, ОРИЗАРИ – депо со скапоцености од ⅩⅣ в. откриено на 4 км североисточно од Кочани, најдено во 1956 г., под подот во северозападниот агол на еднобродната црквичка, сместено во јужниот дел од средновековната некропола (Крушарски Рид, Оризари – Кочани). Депото се состои од пехар и три чифта наушници од злато (позлата) богато украсени со филигран и украсни полубесценети камења.