ЦАНОСКИ, Фијат

ЦАНОСКИ, Фијат (Струга, 2. Х 1960) – бизнисмен, политичар. Завршил Економски факултет и магистрирал по политички науки во Скопје. Основач и сопственик на Универзитетот ФОН во Скопје со одделение во Струга, а од учебната 2009/10 г. и дисперзирани одделенија во Струмица и Гостивар, како и на 5-та приватна гимназија во Скопје и во Струга. Основач и претседател на Партијата за европска иднина и пратеник во два мандата во Собранието на Република Македонија(од 2006). Р.