ХАЏИНИКОЛОВ, Аспарух

ХАЏИНИКОЛОВ, Аспарух (Скопје, 18. Ⅳ 1909 – Скопје, 11. Ⅷ 1980) – музички педагог и композитор. Музика учи во Белград. Наставник и хорски раководител ната државна заедница. Од 1945 г. е во Скопје, како шеф на Музичкото одделение во Министерството за просвета, раководител на ансамблот за народни игри и песни „Танец“ и директор на Средното балетско училиште. Од 1952 г. до пензионирањето работи како професор на Педагошката академија. Од неговите творби и обработки на народни песни, најпозната е хорската композиција Аце папуџија. Др. О.