ХАЏИМИТКОВ, Тодор

ХАЏИМИТКОВ, Тодор (Скопје, 1898 – Скопје, 1987) – ветеринар, прв доктор на ветеринарните науки од Македонија (Загреб, 1934). Работел во Градската ветеринарна служба на Градот Скопје (1941 –1952), директор на Ветеринарниот инспекторатот на Градот Скопје (1952–1962). При фашистичката депортација на Евреите од Македонија (1943) има засолнато и спасено едно еврејско семејство. Неговото име, како добротвор, е запишано на спомен-обележјата во Треблинка и Ерусалим. Донатор е на камбаните на Соборната црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје. М. Д. – Ј. Б. Аспарух Хаџиниколов