ХАЦОН

ХАЦОН (?– Солун, 616) – словен-ски кнез во Македонија. Го предводел воено-племенскиот сојуз на Драговитите, Сагудатите, Велегезитите, Вајунитите, Верзитите и на другите словенски племиња во Македонија што го опсадувале и го напаѓале две години градот Солун (614–616). Во борбите бил заробен, одведен во Солун и убиен со каменување. По неговото убиство, словенските племиња ја кренале опсадата на Солун. Џамијата Хаџи Балабан во Скопје ХАЏИ БАЛАБАН ЏАМИЈА