ХАТЕХИЈА

ХАТЕХИЈА (Преродба) (Битола, 1923) – еврејска младинска организација формирана со обединувањето на постојните здруженија „Бе-нот Цион“, „Бене Цион“ и „Макаби“. Првата младинска организација од Македонија што се зачленила во Сојузот на еврејските младински здруженија. Претседател на Организацијата бил Леон Камхи. Од повеќето секции во Организацијата најактивна била спортската. Во десетгодишната дејност биле организирани неколку фудбалски екипи што настапувале успешно: „Макаби“, „Синај“, „Есперанса“. ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993; Марк Цохен, Ласт Центурѕ оф а Сепхардиц Цоммунитѕ. Тхе Јењс оф Монастир 1839–1943, Нењ Ѕорк, 2003. Ј. Нам. ХАТУНЏИКЛАР ЏАМИЈА