ХАСАН, Хамди

ХАСАН, Хамди (Хамди Хасан) (Гостивар, 17. Ⅹ 1945) – универзитетски професор од турската националност во РМ. Дипломирал на Групата за турски јазик и литература во Белград. Магистрирал на Филолошкиот факултет во Белград, докторирал од областа на народната литература на Истанбулскиот универзитет. Работел како професор во гимназијата во Гостивар. Од 1976 г. е професор на Катедрата за турски јазик и литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Објавил учебници: Турска литература за Ⅲ и Ⅳ година гимназиско образование; научни дела: Македонѕа ве Косова Турклерин Кулланðлан Атасозлери ве Деѕимлери; Македонѕада Билмецелер ве Деѕимлер. Раководител е на неколку научни проекти и автор на бројни стручни и научни трудови презентирани на меѓународни конгреси и научни собири во земјата и во Р Турција. ЛИТ.: „Универзитетски билтен“, јуни, Скопје, 2000. А. Аго