ХАМДИ–

ХАМДИ–БЕЈ ОХРИ (Хамди беј Охри) (Охрид, 1862–1938) – основоположник на првото албанско училиште во Охрид. Основно училиште завршил во Охрид, а Руждие во Битола. Студиите ги продолжил во воената гимназија во Истанбул, но поради патриотската активност бил исклучен од училиштето. Оставил во ракопис еден албанско-турски речник, од кој еден дел е уништен, а другиот дел го зел Сотир Коле во Софија. ЛИТ.: Авзи Мустафа, Фигура мшсуесисх схљиптарш, Тетовш, 1995. А. П.