ХАЗАРСКА МИСИЈА

ХАЗАРСКА МИСИЈА (860–861) – византиска верско-политичка мисија на солунските браќа св. Кирил и св. Методиј кај Хазарите по барање на хазарскиот каган. По налог на царот Михаил Ⅲ и на патријархот Фотиј, тие заминале кај Хазарите за да ги неутрализираат идејните конфронтации на паганството, еврејството, мухамеданството и христијанството и да издејствуваат каганот христијанството да го прогласи за официјална религија и да воспостави централизирана власт во каганатот. При подготовките за Херсон тие го научиле еврејскиот јазик и би-ло преведено едно граматичко дело. Таму ги пронашле и моштите на римскиот папа Климент И (И в.), за кого св. Кирил напишал три творби: „Канон“, „Историски расказ“ и „Пофално слово“. Мисијата резултирала со масовно покрстување на Хазарите. Х што се развиваат во пукнатини на карпи. Поради многу неповолните еколошки услови на стаништето, во нивниот состав учествуваат мал број растителни видови (хазмофити), кои се карактеризираат со многу развиен коренов систем. Приспособени се на сосема мали количини почва што се акумулира во пукнатините на карпите, а со активноста на кореновиот систем учествуваат во процесот на распаѓањето на карпестата подлога, во примарните педогенетски процеси. Заедници од овој вегетациски тип најчесто се присутни по оголените планински врвови, на многу ерозивни места, каде што матичниот супстрат излегува на површината, во стрмните клисури на поголемите реки, во крајбрежијата на езерата и на други места. Фитоценолошки, хазмофитската вегетација на територијата на Република Македонијаспаѓа во класата Аспле-Фреска: Св. Методиј и Св. Кирил во црквата „Св. Ѓорѓи“ во с. Курбиново, Преспанско (1191) ИЗВ.: Панонски легенди. Превод Р. Угринова-Скаловска, Скопје, 1969; Панонски легенди. Превод Ј. Таковски, Скопје, 2001. ЛИТ.: Х. Поленаковиќ, Во мугрите на словенската писменост, Скопје, 1973; Т. Мариясу, Хазарская миссия Константина (Ее значение в ЖК), „СтаробÍлгарска литература“, кн. 10, София, 1981; В. Стојчевска-Антиќ, Историја на македонската книжевност. Средновековна книжевност, Скопје, 1997; И. Велев, Византиско-македонски книжевни врски, Скопје, 2005, 213-214 и 234-236. И. Вел.