ФИЛИПОВСКИ, Антоние

ФИЛИПОВСКИ, Антоние (Доне) Божинов (Куманово, 1920 – ПробиШтип, 3. Ⅳ 1944) – комунистички деец и организатор на НОБ во Кумановско. Се школувал во Железничарското занаетчиско училиште во Ниш, но бил исклучен поради комунистички пројави. По враќањето станал член на СКОЈ (1938) и на МК на СКОЈ во Куманово, завршил пи-Антонио Филиповски лотски курс во Скопје (1939) и како матурант бил еден од организаторите на штрајкот во кумановската гимназија (1941). Бил и еден од организаторите на јадрото од 10 кумановски партизани во Вториот јужноморавски НОПО (26. Ⅵ 1943). Кога партизанското јадро се зголемило на 18 борци, бил формиран Кумановскиот НОПО (2. Ⅷ 1943). Првин бил борец, а потоа политички комесар на Одредот, заменик-командант на Првиот кумановски НО баталјон „Јордан Николов-Орце“ и командант на Кумановскиот НО ударен баталјон „Христијан Тодоровски-Карпош“. Како командант на Вториот баталјон на Третата македонска НОУБ бил тешко ранет и заробен при нападот на ПробиШтип (3. Ⅳ 1944), а потоа по ѕверско мачење бил убиен. ИЗВ.: Куманово и Кумановско во НОВ 1941–1945, Документи, Куманово, 1988. ЛИТ.: Дане Цеков, Кумановска околија во НОВ (од 16. Ⅱ 1943 до 26. Ⅱ 1944 година), Куманово, 1969; Спомен зборник на загинатите борци од НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Куманово и Кумановско 1941–1945, Куманово, 1876, 91; Дане Цеков, Кумановско во НОВ 1941–1945, Куманово, 1989. С. Мл.