ФЕС

ФЕС – дел од машката народна носија во периодот на турското владеење. Мажите најчесто носеле црвен фес, околу кој се обмотувала долга бела крпа, во вид на чалма. Крпата била изработена од подебело платно и се носела навртена и преврзана, над ушите, околу фесот, за да се гледа неговиот горен дел или пак се носела здиплена на четири ката (четвороструко), завиена околу фесот, но во овој случај тој не се гледал. Крајот на крпата или слобод-Фес, дел од машка носија но се пуштал да виси низ грбот или се увиткувал под чалмата. Постарото машко население, наместо крпа околу фесот, често носело обмотан црн шал или марама (кенарија). Кон првите децении на ⅩⅩ в., овој начин на носење на фесот, обмотан со индустриски волнен шарен шал, го прифатило и помладото машко население. Ј. Р. П. Група гајдаџии на фестивалот во с. Долнени, Прилепско (1981)