ФАУНА НА МАКЕДОНИЈА

ФАУНА НА МАКЕДОНИЈА – релативно добро е истражена, како според квалитетот на проучувањата, така и според опфатеноста на поодделни таксономски групи. Според последните анализи за богатството Пеперутка (Парнассиус аполо) на биолошката разновидност на земјите во рамките на европскиот континент, нашата земја е рангирана во самиот врв на листата на земји, кои претставуваат значајни центри на европскиот диверзитет. Највпечатлива одлика на денешната фауна е огромното богатство на видови, хетерогеноста, односно присуството на комплекси на фаунистички елементи со различно зоогеографско потекло и со ви-Слатководен сунгер сок степен на ендемизам. Според досегашните сознанија, во фауната на Македонија се регистрирани вкупно 9.567 таксони (9.339 видови и 228 подвидови), од кои 674 таксони (602 видови и 72 подвидови) се македонски ендемити. Типот на членконоги организми (Артхропода), како најбројни претставници во животинскиот свет, во нашата фауна се претставени со најголем број таксони (7.743), од кои 7.574 видови и 169 подвидови. Меѓу подобро ганизми е редот на пеперутки (Лепидоптера) со вкупно регистрирани 2.295 таксони (2.261 видови и 34 подвидови). ’Рбетниците се претставени со вкупно 536 таксони (506 видови и 30 подвидови), меѓу кои рибите (Писцес) со 58 автохтони видови, водоземците (Ампхибиа) со 15 видови и 2 подвида, Лажна скорпија влекачите (Рептилиа) со 32 вида и 8 подвидови, птиците (Авес) со 319 видови и 19 подвидови и цицачите (Маммалиа)со 82 вида и еден подвид. Највисок степен на ендемизам се јавува кај следниве таксономски групи: слатководни сунѓери (Порифера) – 60%; акватични полжави (Гастропода аљуатица) – 74,5%; лажни скорпии (Псеудосцорпионес) – 73%; сенокосци (Опилионес) – 47,5%; изоподни ракови (Исопода) – 85%; амфиподни ракови (Ампхипода) – 81,4%; вистински стоногалки (Диплопода) – 37% и остракоди (Острацода) – 26%. Кај ’рбетниците највисок степен на ендемизам се јавува кај рибите (Писцес) – 34,5%, односно од вкупниот број на видовите (58), 20 видови се македонски ендемити. Богатата и хетерогена фауна што денес се среќава кај нас е резултат на Вистинска стоногалка долг историски развој, во чија генеза покрај диференцирањето на автохтони видови, значајна улога има и продирањето на доселеници од други подрачја. Со промените на климатските услови низ геолошката историја, видовите што некогаш живееле на ова подрачје, во најголем дел исчезнале поради неповолните услови. Само мал дел опстанале во определени станишта помалку изложени на промените, како што се речните клисури, длабоките езера и пештерите. Овие видови претставуваат реликти – остатоци од некогашната фауна што го карактеризирала ова подрачје. Во геолошкиот период горен терцијар (неоген), во епохата миоцен, (започната проучените групред 23, а ство на Мед. ф. и ПМФ. За прв де-ОстракодаАмфиподен рак пи од овој тип орзавршена кан бил избран И. Таџер (1981– „ФЕНИ ИНДУСТРИ“ Ф пред 5 милиони години) на територијата на Македонија владеела тропско-суптропска клима. Во следната геолошка епоха плиоцен (од пред 5 до 1 милион години) настапува постепено заладување со посува клима, што доведува до енормно ширење на тревестите екосистеми од типот на денешните савани. Од овие две епохи (горен миоцен и долен плиоцен) на повеќе локалитети во Македонија (Скопска Котлина, Велес, Валандово, Овче Поле) се пронајдени остатоци од фосилна фауна што била слична на фауната, која денес се среќава во Централна Африка, како што се фосилни слонови, носорози, жирафи, газели, антилопи, фосилни коњи, диви свињи, сабјест тигар, мајмун и два вида изумрени ѕверови. На падините на Водно се пронајдени остатоци од најкрупниот џиновски предок на денешниот слон (Динотхериум гигантеум), чија височина на телото достигала до 4,5 м. Во плиоценот, голем дел од територијата на Македонија бил покриен со две големи езера, Егејското Езеро, кое се прострирало во повеќето котлини, од Полог и Скопската Котлина на север до Пелагонија и Гевгелиската Котлина на југ, вклучително и сегашното Дојранско Езеро, кое преставува негов последен остаток. Кон крајот на плиоценот и во геолошката епоха плеистоцен настапува регресивен период со спуштање на нивото на Егејскиот Басен, што условило истекување на водата и расчленување на Егејското Езеро на повеќе помали езера, кои во текот на ледениот период се задржале во сегашните котлини. Во југозападниот дел на Македонија се наоѓало Десаретското Езеро, чиј геолошки живот го продолжуваат Охридското и Преспанското Езеро, заедно со делумно зачуваната терцијарна реликтна езерска фауна, езера што денес се површински изолирани. Со настапувањето на геолошката епоха плеистоцен, или ледено време (од пред 1 милион до 10.000 години), доаѓа до драстично опаѓање на температурата во Северна и Средна Европа, па дури и на балканските простори, каде што исчезнале сите терцијарни тропски елементи. Цела Северна Европа, поголем дел од Средна Ев-Динотхериум гигантеум ропа, како и повисоките зони на планините во Јужна Европа и кај нас, биле прекриени со мраз дури и преку лето, за што постојат бројни докази, како што се планинските циркови, морени и леднички езера. Притоа северните фаунистички елементи мигрирале кон југ. Истовремено терцијарната ореална фауна од нашите високи планини се спуштила во низините, каде што доаѓа до мешање на видовите со потекло од Северна Европа со предглацијалните видови од нашата планинска фауна, како и меѓу видовите од различни планински гребени. Со одредени осцилации во текот на интерглацијалните фази на територијата на Република Македонијасе одржувала северната ладнољубива глацијална фауна, с“ до пред 10.000 години, кога поради наглото затоплување, дошло до нејзино масовно повлекување на север кон субарктичките и арктичките подрачја и кон високопланинските зони на нашите планини. Истовремено, низинскиот појас постепено започнале да го населуваат јужни, медитерански и источни видови, на кои им погодувала топлата клима. Медитеранската фауна по долината на реката Вардар допрела до Скопската Котлина, а многу медитерански видови продреле на север само до Велес, Демир Капија или уште појужно. Св. П. – В. Сид. Пристапница за учество во „ФАША