УРБАН, св

УРБАН, св. (И в.) – еден од 70-те апостоли, Македонец, се спомнува во Библијата (Рим. 16, 9) како соработник на апостолите Андреј и Павле. Бил архиереј во Македонија, поставен од апостол Андреј, според свети Димитриј Ростов-ски. Тој пострадал маченички; се празнува на 13 ноември. ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Послание на светиот апостол Павле до Римјаните, Скопје, 2005; Свето писмо на Стариот и на Новиот завет, Лондон, 1990. Рат. Гр.