УНИВЕРЗИТЕТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

УНИВЕРЗИТЕТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА – ТЕТОВО (октомври 2001-) – приватна унитарна институција со пет факултети (Правен факултет, Факултет за бизнис администрација, Факултет за јавна администрација, Факултет за комуникациски науки и технологии и Факултет за педагошка и методолошка обука) и две виши школи (Виша школа за англиски јазик и Виша школа за информатичка технологија). Својот зародиш го имаше во иницијативата за дискусија на високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ за формирање на фондација на интернационални донатори за нов универзитет во Република Македонија(пролетта на 2000). Иницијативата беше заснована на тогашниот Законот за високо образование на РМ, според кој се дозволува основање универзитети со недржавно финансирање и предавања главно на албански јазик. ОтУниверзитетот на Југоисточна Европа во Тетово како беше направен планот (крајот на 2000), наскоро започна и изградбата (март 2001) и следуваше свеченото отворање (октомври 2001) со 900 студенти. Почетокот на работата беше овозможен со донации земјите на ОБСЕ, ЕУ и САД. Универзитетот располага со два амфитеатра, околу 50 други простории (предавални и кабинети), два компјутерски центра, библиотека и простории за станбено сместување на 450 студенти. Бројот на студентите се зголемуваше на 2.250 (октомври 2002), 3.700 (октомври 2003) и потоа на 5.200 студенти. Тоа е прв универзитет на кој главните предмети се предаваат на албански јазик. САД го помогна универзитетот и со овозможувањето на тригодишна соработка и поддршка на наставниот план и развојот на факултетите од страна на Индијана универзитетот (2004/2005 – 2007/2008), избран на конкурс. Студентите се обврзани да го изучуваат англискиот јазик, а изборно и францускиот или германскиот јазик. С. Мл.