УЛЧАР, Јоже Јожев

УЛЧАР, Јоже Јожев (Речица, Бледско, Словенија, 4. Ⅳ 1915 – Скопје, 16. И 1967) – математичар, ред. проф. на ПМФ (1964). Дипломирал (1938) математика на Филозофскиот факултет во Љубљана. При основањето на Филозофскиот факултет во 1946 г. меѓу првите бил избран за универзитетски предавач. Држел настава на Факултетот по сите курсеви од областа на геометријата и речиси сите негови научни трудови се од таа област. Тој е автор на еден од Јоже Улчар првите учебници на Универзитетот за студиите по математика („Аналитичка геометрија со векторска алгебра“, Скопје, 1958) и на неколку други. Бил проректор, држел настава и на други факултети, а имал значајни активности и раководни функции во Друштвото на математичарите и во Републичкиот завод за школство. БИБ.: Елементарно-геометриски пресликувања и групен принцип во геометријата, 1, посебно издание на Филозофскиот факултет, Скопје, 1950; Аналитичка геометрија со векторска алгебра, Скопје, 1958; Д. С. Митриновиќ, Ј. Улчар, П. Ди-миќ, И. шапкарев, Збирка задачи по виша математика за студенти на технички факултети, Скопје, 1960; Пројективна и диференцијална геометрија – збирка проблема, Београд, 1969; Д. С. Митриновиќ, Ј. Улчар: Дифферентиал геометрѕ, Гронинген, 1969. ЛИТ.: „Билтен ДМФ“, кн. ⅩⅤⅠⅠⅠ, 1967; Развој и состојба на математичките науки во СР Македонија, МАНУ, 1987; ПМФ 1946–2006, монографија, Скопје, 2006; Природно-математички факултетСкопје 1946–1996, Скопје, 1996, 121; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, стр. 123–124. Н. Ц. Благоја Дрнков: Миравска невеста (1963)