ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ

ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТБитола – формиран во 1961 г. заедно со Вишата техничка школа, со два отсека: Машински и Електротехнички. Во 1972 г. почнува да работи и третиот – Сообраќаен отсек. Во 1977 г. Вишата техничка школа прераснува во Технички факултетБитола. Додипломските студии се организирани по отсеци: Машински, Сообраќај и транспорт, Електротехнички, Графичко инженерство и Информатика и компјутерска техника. Постдипломски студии – за сообраќајнотранспортно планирање и инженерство, термо и хидротехника и енергетика, индустриско инженерство и менаџмент, графичко инженерство и електроенергетика. Наставата на додипломските студии ја изведува наставнички и соработнички кадар, вработен на Факултетот, како и голем број ус-лужно ангажирани професори и соработници од земјата и од странство. На сите четиригодишни и тригодишни студиски програми е воведен Европскиот кредитен трансфер систем (ЕКТС). Досега на Факултетот на додипломските студии дипломирале вкупно 3504 студенти, магистрирале 23, а докторирале 12 кандидати. Сл. А.