ТАСИЌ, Миомир

ТАСИЌ, Миомир (Скопје, 17. Ⅸ 1947) – оперски певец, баритон, првенец на Операта на МНТ. Дипломиран лекар. Пеење учел приватно кај Ст. Липша. Во Операта на МНТ е од 1978 г., каде што (во 1971) дебитирал со улогата на Валентин во операта Фауст. На сцената на МНТ реализирал повеќе од 20 помали и поголеми улоги. Гостувал во оперските центри на поранешна Југославија. Миомир Тасиќ ПОЗНАЧАЈНИ УЛОГ: Родриго-Поза („Дон Карлос“), гроф Луна („Трубадур“), Жорж Жермон („Травијата“), Енрико („Лучија ди Ламермур“), Онегин („Евгениј Онегин“), Набуко, Фигаро („Севилскиот бербер“), Риголето, Црнољуб („Цар Самуил“). Ф. М.