ТАРНИК-МИТРЕВА, Љерка Звонимирова

ТАРНИК-МИТРЕВА, Љерка Звонимирова (Карловац, Хрватска, 8. Ⅴ 1926 – Скопје, 30. Ⅶ 2007) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (1972), вработена на Нервната клиника (1959–1987). Мед. ф. завршила во Загреб (1953), специјалистички испит (1958) и хабилитирала (1971) во областа на психијатријата. Има посебен придонес во областа на суицидологијата и психотерапијата. Раководител на научен проект за самоубиствата во Република Македонијаи нивната превенција. Автор на повеќе од 100 научни трудови. Продекан на Мед. ф. (1982–1984). БИБ.: Самоубиствата во СРМ (научен проект), Скопје, 1983. Ил. Џ.