ТАЛЕСКИ, Борка Петров

ТАЛЕСКИ, Борка Петров (псевд. Црниот, Модерното, Октопод) (Прилеп, 19. Ⅷ 1921 – с. Плетвар, Прилепско, 2. Ⅲ 1942) – политички деец, учесник во напредното студентско и ослободителното движење, афирматор на македонската нација. Во 1939 г., како член на КПЈ, учествувал на Илинденските демонстрации (1940) во Прилеп и говорел за ослободување на Македонија. Бил затворан. Во 1941 г. бил избран за член на Бирото на ПК на КПЈ. Не прифаќал мешање на БКП во македонската Борка Талески партиска организација, поради што бил исклучен од активностите за зацврстување на партиските организации. Учествувал во организирањето на партизанските одреди и во нападот извршен во Прилеп на 11 октомври. На пат за Прилеп загинал од бугарска заседа. Прогласен е за народен херој. ЛИТ.: Народни херои од Македонија, Скопје, 1973. О. Ив. Тамбури