„СТРЕЖЕВО“

СТРЕЖЕВО“ – најсовремен хидросистем во РМ, изграден во 1982 г. за наводнување на 20.200 ха од Пелагонија, за водоснабдување на Битола и околината, како и дел од индустријата, за искористување на хидропотенцијалот на водите и за заштита од поплави на дел од Пелагонија. Основни објекти на хидросистемот се: насипната брана „Стрежево“; акумула
3
ција од 109 милиони м ; алиментационен канал – долг 61,5 км, ги зафаќа водите од 7 водотеци од Баба Планина и ги внесува во сливот на реката шемница; главен доводен канал – за транспорт и дистрибуција на водата до водокорисниците, со вкупна должина од 44 км; центар за динамичка регулација – единствен во Македонија, што овозможува непречено

Хидросистемот Стрежево
снабдување на потрошувачите со вода и елиминирање на загубите на вода по каналот. Со Хидросистемот управува ЈП „Хидросистем Стрежево“ од Битола. Ст. Дод.

Смртта на Стрез, фреска од трпезаријата во манастирот Хиландар (1622)