СТОЈАНОВА-БРМБЕСКА, Делка Богданова

СТОЈАНОВА-БРМБЕСКА, Делка Богданова (Дебар, 5. Ⅶ 1934) – фармаколог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Вработена во Институтот за фармакологија и токсикологија при Мед. ф. во Скопје. Придонела за унапредувањето на педагошките основи на современата базична и клиничка фармакологија. Била шеф на катедрата, продекан, учесник во институтските проекти и долгогодишен главен уредник на ММП. Д. С.-Б.

Александар Стојановиќ