СТОИМЕНОВ, Павле

СТОИМЕНОВ, Павле (с. Долно Тламино, Босилеград, 12. Ⅳ 1931) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1986 до пензионирањето во 1996 г.) по предмети од областа на патиштата. Напишал учебник по предметот патишта, а преку апликативната работа придонесол за оформувањето на патната мрежа и градските сообраќајници во нашата земја. Љ. Т.