СТАРО НАГОРИЧАНЕ

СТАРО НАГОРИЧАНЕ – село во Кумановско. Се наоѓа во југоисточниот ридест дел на Руен Планина, од десната страна на р. Пчиња, на надморска височина од околу 500 м. Преку регионален пат е поврзано со магистралниот Панорама на Старо Нагоричане пат М–2. Има 555 ж. од кои 100 се Македонци и 452 се Срби. Тоа е седиште на општина што зафаќа површина од 43.341 ха со 39 населени места во кои живеат 4.840 ж. Има осумгодишно училиште, здравствена станица и во него се наоѓа многу познатиот манастир „Св. Ѓорѓи“ од ⅩⅣ в. Ал. Ст. Вулнет Старова