СРБИНОВСКИ, Јован

СРБИНОВСКИ, Јован (Непроштено, Тетовско, 1948) – инж. металург, долгогодишен директор на ХЕК „Југохром“ – Јегуновце. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1972). Во „Југохром“ е од 1972 г., како инженер, директор на развојот, технички директор и генерален директор (од 1991). Извршувал повеќе функции во органите на СФРЈ. Бил пратеник во Собранието на РМ. Автор е на стручни трудови и иновации. Св. Х. Ј. СРБИНОВСКИ, Лазар Спасов