СМРЧА

СМРЧА (Пицеа абиес Карст. сѕн. П. еџцелса Линк., фам. Пинацеае) – европски вид дрво. Високо дрво со коСмрча нусна форма на круната, стеблото е право, со провиснати гранки. Игличките се четирирабни, бодливи. Цветовите се еднополни и собрани во исправени реси. Од женските се формира крупна, провисната шишарка, без стерилни лушпи. Во Република Македонијаврви јужната граница од нејзиниот ареал. Во сливовите на реките Пена и Радика гради компактни шуми, а во Беровско, во месноста Мурите, е откриено мало, изолирано наоѓалиште. Ал. Анд.