СКОРПИИ

СКОРПИИ (Сцорпионес) – најкрупни пајаковидни организми. Во народот се познати и како акрепи. Населуваат топли и суви места. Телото им е издолжено, на главата имаат добро развиени вилични ножиња (педипалпи), кои завршуваат со клешти за прифаќање на храната. Стомакот на предниот дел е поширок, а во зад-Плакат од „Скопско лето“ (2007) стекна благодарение на извонредниот е тесен и завршува со хитинска отровна боцка што служи за напад и за одбрана. Кај некои видови, особено тропските, отровот е смртоносен дури и за човекот. Познати се околу 800 видови. Кај нас Италијанска скорпија живеат два вида од родот Еусцорпиус: карпатска (Еусцорпиус царпатицус Хербст.) и италијанска скорпија (Еусцорпиус италицус Хербст.). Од родот Месобутхус е регистриран само еден вид – големата скорпија (Месобутхус гибосус Хербст.). ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991; Владимир Крпац, Бранислава Михајлова, Биодиверситѕ оф Мацедониа фром а виењ поинт оф хитхерто фаунистиц инвестигатионс. Партиципатион њитх Ундерпројецт: Класс Инсецта, Мацедониан Мусеум оф Натурал Хисторѕ – Министрѕ оф Сциенце, Финал Репорт, Скопје, 1999, 23–30. В. Т. К. – М. Кр.