СИДЕР

СИДЕР (ИСИДОРУ), Тома Пенто (Крушево, поч. на ⅩⅠⅩ в. – втората половина на ⅩⅠⅩ в.) – златар, бакрорезец. Работел во Кареја на Света Гора (1841–1851). Автор е на преку 14 графики, печатени во големи серии, распространети на Балканот и во Русија. Изработувал клишеа за Рилскиот манастир и богослужбени предмети од сребро и од злато за манастирите Симонопетра и Дохијар. Делата ги потпишувал „од раката на Тома Сидер Пенто златар од Крушево“. ЛИТ.: Ј. Чокревска-Филип, Тома Сидер од Крушево, Зборник за средновековна уметност, 3, Скопје, 2001, 203–214. Ј. Ч.-Ф.