СЕР

СЕРАФИМОСКИ, Владимир ќирков (Гостивар, 3. Ⅵ 1948) – интернист-гастроентеролог, редовен проф. на Мед. ф., академик. Дипломирал на Мед. ф. во Скопје (1971). Се вработил на Клиниката за гастроентерохепатологија (1975), каде што и го положил специјалистичкиот испит. Се посветува на иследувањето на абдоминалните органи со ехотомографија, како и со воведување на иглена биопсија на абдоминалните органи за дијагностички и терапевтски цели. Се усовршувал во Париз, Амстердам, Нирнберг, Филаделфија, Сан Диего и Копенхаген. Докторската дисертација на тема „Ехотомографски придонес во дијагностиката и диференцијалната дијагностика на опструктивниот иктерус“ ја одбранил во 1983 г. Тој е пионер во оваа област во Република Македонијаи во тој период Клиниката за гастроентерохепатологија претставувала референтен центар за едуцирање вакви кадри од Република Македонијаи од СФРЈ. Како врвен експерт во интервентната ултрасонографија ги изведува насочените биопсии водени под ултразвук на црниот дроб, на панкреасот, на туморите во абдоменот, на ретроперитонеалните лимфни жлезди, дренажите на црнодробните апсцеси, билијарните патишта и други манипулации што го скратуваат времето на дијагностицирањето и на лекувањето на гастроентерохепатолошките болни. Ја воведува и ендосонографијата, која е битна за одредување на стадиумот на туморите на хранопроводот, желудникот, колонот и панкреасот, а со неа се одредува и степенот на операбилноста на болниот. Ги воведува доплер и колор-доплер ултрасонографијата и интраоперативната ултрасонографија. Како афирмиран стручњак од областа на гастроентерохепатологијата, а особено во ехотомографијата, по покана на Редакцискиот одбор на „Медицинска енциклопедија“ (Загреб, 1986, Ⅱ дополнително издание), автор е на поглавјето Ултразвукот во гастроентерохепатологијата. Од 2000 г. е член на Уредувачкиот одбор на списанието „Њорлд Јоурнал оф Гастроентерологѕ“. Раководел и учествувал во следниве меѓународни проекти: 1) ТхеРолеоф Хелицобацтер Пѕлори Вируленце (Ваца анд Цага Протеин) ин Патхогенесис оф Цхрониц Гастриц анд Пептиц Улцер Дисеасе ин Цорелатион њитх тхе Лоцал анд Систематиц Иммуне Респонсе; 2) Серологицал Маркерс оф Цхрониц Инфецтион њитх Хепатитис Б Вирус; 3) Ренал Импаирмент ин Патиентс њитх Инфламатори Боњел Дисеасес. Покрај овие, има работено и раководено и домашни проекти: 1) Слободни радикалиоксиданси кај пациенти со црнодробни заболувања (првенствено кај стеатозата) на Клиниката за гастроентерохепатологија (2002); 2) Улогата на медикаментозната терапија во лекувањето на порталната хипертензија и преваленцијата на крвавењата кај пациентите со црнодробна цироза; 3) Карцином на желудникот. Учествувал на повеќе меѓународни конгреси и организирал бројни симпозиуми со меѓународно учество. Автор е и коавтор на над 400 научни и стручни трудови објавени во реномирани списанија од областа на гастроентерохепатологијата. За редовен член на МАНУ е избран на 10. Ⅴ 2000 г., а од 2004 г. е секретар на Одделението за медицински и биолошки науки во МАНУ. БИБ.: Ехотомографски пристап кон иктеричниот синдром, Скопје, 1987; Пропедевтичка и клиничка гастроентерохепатологија, Скопје, 1997; Етиопатогенетска фармакотерапија во гастроентерохепатологијата, Скопје, 2000; Портална хипертензија, Скопје, 2001; Вирусни хепатитиси, Скопје, 2004; Клиничка панкреатологија, Скопје, 2007; коавтор: Гастроентерохепатологија, Београд, 1990; Дијагностичко–тераписки прирачник за лекари, Скопје, 2000; Главен и одговорен уредник на: Учебник по Интерна медицина (два тома), Скопје, 2004; Учебник по Интерна пропедевтика, Скопје, 2004; Практикум за вежби по интерна медицина, Скопје, 2004, Клиничка панкреатологија, Скопје, 2007, М. Пол. Мајкл Серафинов