СЕКВОЈА

СЕКВОЈА (Сељуоиадендрон Буцх. и Сељуоиа Ендл., фам. Таџодиацеае) – во овие два монотипски рода спаѓаат само двата вида секвои – џиновската Сељуоиадендрон гигантеум Секвоја Бусцх и крајбрежната Сељуоиа семпервиренс Ендл. Најголеми дрва на светот (над 100 м), по потекло од пацифичкиот брег на Северна Америка. Првата има куси, триаголни шиловидни иглички, прилегнати кон леторастот, и крупни шишарки, а втората подолги, сплескани иглички, расчешлани во два реда (како кај елата) и мали шишарки. Првата е интродуирана во нашата земја и успешно се адаптира. Ал. Анд.