СВЕТИ ЈОВАН , Варош

СВЕТИ ЈОВАН“, Варош (Прилеп) – средновековна црква и некропола. Црквата е разурната, а според најдените остатоци од фрескоживопис, сликаната декорација е од првите децении на ⅩⅣ в. Северно и западно од црквата се откриени христијански гробови од доцниот среден век и од турско време. Тоа се главно цисти конструирани од камени плочи, но има и слободни закопувања. Накитот припаѓа на доцното средновековје и на турскиот период. ЛИТ.: Б. Бабиќ, Материјална култура на Македонските Словени во светлината на археолошките истражувања во Прилеп, Прилеп, 1986, 185–189, 263. Ел. М. Малата црква „Раѓањето на св. Богородица“, (Ⅺ-ⅩⅠⅠ в.) и големата манастирска црква „Св. Јоаким Осоговски“ (1847) „СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“ С Манастирскиот комплекс „Св. Јован Бигорски“ (1795) „СВЕТИ ЈОВАН БИГОРСКИ“