СВЕТИ ЃОРЃИ ПОБЕДОНОСЕЦ

СВЕТИ ЃОРЃИ ПОБЕДОНОСЕЦ“ – црква во с. Младо Нагоричане, североисточно од Кума-Црквата „Св. Ѓорѓи“, Горни Козјак, Штипско (Ⅺ-ⅩⅣ в.) Црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“, с. Младо Нагоричане, Кумановско (ⅩⅤⅠ в.) ново. Претставува монументална крстообразна гробишна црква со трикорабна припрата, градена од камен тетрахит. Датира од втората половина на ⅩⅤⅠ век. Сликаната програма е преземена од старонагоричката црква. Од богатиот тематски репертоар се издвојуваат циклусот на св. Ѓорѓи и циклусот на Христовите чуда во наосот, циклусот на св. Никола во проскомидијата и циклусот на Богородица во ѓакониконот. Ѕидното сликарство е сè уште неистражено. ЛИТ.: М. Васиђ, Црква Св.–орÚа у Младом Нагоричину и њено доба, „Прилози за књижевност, језик, историју и фолклор“, Џ, Београд, 1930, 1–40; –. Бошковиђ, Извештај и кратке белешке са путовања, „Старинар“, Ⅵ, Београд, 1931, 176–181; А. Николовски, Д. Цорнаков, К. Балабанов, Тхе Цултурал Монументс оф тхе Пеоплежс Републиц оф Мацедониа, Скопје, 1961, 85; В. Ј. –уриђ, Милешева и дрински тип цркве, „Рашка баштина“, 1, Краљево, 1975, 25, нап. 73. М. М.