„СВЕТИ СПАС“

„СВЕТИ СПАС“ – црква во Скоп-точни изворни податоци за времеје, во близина на скопската тврди-то кога е изградена. Врз основа на на Кале. Досега не се откриени фрагменти од фрескоживописот, зачуван на јужниот ѕид, се смета дека таа била изградена и живописана во ⅩⅤⅠ в. Во 1689 г., при опожарувањето на градот, настрадала и црквата. Била обновена во почетокот на ⅩⅠⅩ в. (1820). Во периодот од 1819 до 1824 г. е изработен големиот иконостас, дело на копаничарската тајфа предводена од Петре Филиповски-Гарката (од с. Гари). Во изработката на иконостасот учествувале и Марко, бра-тот на Петре Филиповски, и Макарија Фрчковски (од с. Галичник). На едно пано од иконостасот тие направиле и свој групен портрет, на кој тајфата е претставена во процес на работа. Зачувани се неколку икони во црквата, кои се дело на познатиот тресонечки зограф Дичо Крстев.

ЛИТ.: К. Балабанов – А. Николовски – Д. ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје, 1980, 67–69. К. Б.

Пештерната црква „Св. Спас“ с. Вишни, Струшко (ⅩⅤ в.)